Фудбал По победата над ПСЖ

Пиоли: Многу важни бодови во борбата за пласман во плејофот

Милан ја извојува првата победа сезонава во Лигата на шампиони. Тимот со пет бода се искачи на третото место во групата Ф. ПСЖ има шест, Борусија Дортмунд седум, Њукасл е последен со четири.

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли како многу важна ја оцени синоќешната победа (2:1) над ПСЖ во натпреварот од групната фаза од Лигата на шампионите против ПСЖ.

– Последниот натпревар беше еден од нашите најлоши. Денес моравме да играме со срце за да постигнеме неверојатен резултат. Мора да им дадете признание на момците за начинот на кој играа, како вистински тим. Ова беше многу важен натпревар во борбата за пласман во плејофот, а сега ќе имаме уште една шанса, против Борусија во Дортмунд. Секако, би сакал Милан секогаш да игра вака. Направивме важен чекор напред, а сега ни претстои следниот кој може да биде одлучувачки, изјави Пиоли за сајтот на УЕФА.

Милан ја извојува првата победа сезонава во Лигата на шампиони. Тимот со пет бода се искачи на третото место во групата Ф. ПСЖ има шест, Борусија Дортмунд седум, Њукасл е последен со четири.

Во следното коло Милан гостува во Дортмунд, додека ПСЖ на домашен терен игра со Њукасл. Двата натпревара ќе се одиграат на 28 ноември.

To top