Фудбал ФФМ

ПФЛ: Во Битола без победник и без голови

Утре се играат натпреварите: Брера – Шкендија (почеток 13:30 часот) и во дербито Вардар – Силекс (почеток 17 часот).

ПФЛ: Во Битола без победник и без голови

Вториот денешен натпревар од 11.коло од Првата фудбалска лига меѓу Пелистер и Тиквеш заврши без голови 0:0. Двете екипи во текот на целиот натпревар повеќе размислуваа за да го зачуваат својот гол, па така стигнаа до еден бод. Со освоениот бод и двете екипи ги задржаа позициите на табелата Тиквеш (9.место) и Пелистер (10.место).

На првиот денешен натпревар Шкупи – Струга 1:2, а тоа е и единствената победа оваа рунда на досега одиграните дуели. На вчера одиграните дуели: Македонија ЃП – Башкими 1:1 и Арсими – Работнички 2:2.

Утре се играат натпреварите: Брера – Шкендија (почеток 13:30 часот) и во дербито Вардар – Силекс (почеток 17 часот).

Табела: Струга 26 бодови, Вардар 24, Силекс 21, Шкендија 21, Башкими 19, Брера 15, Македонија ЃП 14, Арсими 12, Тиквеш 9, Пелистер 8, Работнички 7 и Шкупи 1.

To top