Фудбал

Петто олимписко злато за Американките во фудбал (ВИДЕО)

Петто олимписко злато за Американките во фудбал (ВИДЕО)

Репрезентацијата на САД го освои петтиот златен медал од фудбалските турнири на Олимписките игри, откако во големото финале славеше над селекцијата на Бразил со минимални 1-0 (0-0).

Американките го слават името на фудбалерката на Чикаго, Мелори Свонсон, која беше автор на единствениот погодок.

Најголемиот фаворит за златото на Олимписките игри ја оправда улогата и стигна до петтото најсјајно одличје во историјата. САД имаат и еден сребрен медал од Игрите во Сиднеј, кои се одржаа во 2000 година.

To top