Фудбал

Пеп објави што му порачал на својот помошник по четвртиот гол на Сити

Пеп објави што му порачал на својот помошник по четвртиот гол на Сити

Дерби пресметката меѓу Челси и Манчестер Сити ги задоволи сите сладокусци на Премиер лигата и воопшто на фудбалската игра, бидејќи во еден отворен и спектакуларен меч, голови паѓаа како на лента.

Сити три пати водеше и имаше предност од 0:1, 2:3 и 3:4, но на крајот Челси ги постави конечните 4:4 со гол на Кол Палмер во судиското продолжение, нешто што всушност го намирисал Пеп Гвардиола.

Шпанскиот стратег обелодени дека не останал мирен и после четвртиот гол на Родри кој беше постигнат во 86-та минута, а ја откри и конверзацијата која ја имал со својот помошник.

– Кога Родри постигна гол, му искоментирав на Хуанма дека ќе се случат уште многу работи до крајот на натпреварот. На крајот се случија многу работи и примивме гол. Можеше да биде подобро, но можеше да биде и полошо за нас. Ова беше добра реклама за Премиер лигата. Тесен меч, возбудлив до самиот крај. Тие стартуваа подобро, креираат нешто ново и имаат навистина добри нови играчи. Можеби резултатите не им одеа во прилог, но имаат квалитет. Ние имавме свои моменти, тие имаа свои моменти. Среќно постигнавме гол за 4:3 и после тоа немавме перфектни одлуки. Тоа е што е, не притиснаа и мислам дека конечниот резултат е фер за двата тима, – изјави Пеп.

Foto:twitter.com/ManCit

To top