Фудбал

Пеп Гвардиола официјално го продолжи договорот со Манчестер Сити

Пеп Гвардиола и официјално останува на клупата на Манчестер Сити откако го продолжи договорот со овој клуб до јуни 2027 година, објавија од редовите на англискиот шампион.

Неизвесно беше дали Гвардиола ќе остане или ќе ја напушти клупата на „граѓаните“, но од вечерва е јасно дека Шпанецот ќе продолжи да го води гигантот од Манчестер.

Манчестер сити во овој момент заостанува пет бода зад првопласираниот Ливерпул и со оглед на формата со која играат „граѓаните“ одбраната на титулата е загрозена, сепак раководството покажа дека му верува.

To top