Фудбал

Пеп Гвардиола одлучи да го напушти Сити наредното лето

Пеп Гвардиола одлучи да го напушти Сити наредното лето

Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, одлучи да го напушти англискиот шампион идното лето, објави весникот „Дејли мејл“.

Според весникот, Гвардиола донел конечна одлука наредната сезона да му биде последна на клупата на Граѓаните и да си замине од „Етихад“ кога ќе му истече договорот.

Гвардиола на клупата на Манчестер сити седна во 2016 година и со Граѓаните освои дури 17 трофеи, шестпати триумфира во Премиер лигата, двапати го освои ФА Купот, има четири триумфи во Лига купот, два во Комјунити шилд и по еднаш триумфира во Лигата на шампионите, во УЕФА Суперкупот и во Светското клупско првенство.

To top