Шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола потпиша нов договор со Манчестер Сити. Еден од најдобрите фудбалски тренери во историјата се договори со „граѓаните“ да остане на клупата на тој тим уште две сезони, а доколку ги исполни условите од договорот до крај, ќе помине цела деценија во клубот.
Тој пристигна во клубот во 2016 година, а во меѓувреме освои 18 трофеи – вклучувајќи ја и првата Лига на шампиони во историјата на Сити.
„Ова е мојата деветта сезона во клубот, толку многу големи работи. Чувствувам посебна поврзаност со овој клуб. Ви благодарам на сите што веруваа во мене. Секогаш ми беше чест и привилегија да се биде тука. Го кажав тоа многу пати, но имам се што може да направи еден менаџер Се надевам дека ќе освоиме уште трофеи. Тоа ќе биде мојата цел“, изјави Гвардиола.
Со Гвардиола, Сити стана првиот тим кој освоил повеќе од 100 бода во една сезона во Премиер лигата, како и да ги освои сите четири домашни трофеи во истиот период.