Фудбалерите на Парма следната сезона повторно ќе играат во елитната италијанска лига по ремито 1:1 кај Бари и поразот од Венеција кај Катанцаро (2:3).
Парма, која последен пат играше во првата Серија А во 2021 година, има 74 бода или три повеќе од Комо, клубот во сопственост на поранешните фудбалски асови Французинот Тиери Анри и Шпанецот Сеск Фабрегас. Најдобрите два клуба од Серија Б одат директно во елитното друштво.
Венеција е трета со 67 бодови, а до осмото место коешто води во дополнителни битки за пласман во првата лига следат Кремонезе (63), Катанзаро (60), Палермо (52), Сампдорија (49) и Бреша (48).
До крајот на првенството има уште две кола.