Паоло Малдини е прв кандидат за позицијата спортски директор на Ал-Итихад. Клубот од Саудиска Арабија, во кој играат ѕвезди како Карим Бензема, Нголо Канте и Фабињо е во потрага по човек да го пополни директорското место.
Досега како тренер со поголеми овластувања беше Нуно Еспирито Санто, меѓутоа тој заработи отказ. Сега се споменува Малдини кој треба да стане директор, а веројатно потоа ќе се доведе и тренер кој ќе го води тимот и ќе го наследи Санто.
Малдини на маса има богата понуда од Саудијците, па треба да одлучи дали ќе се реши да ја прифати