Фудбал сопствениците се виновни?

Откриена е причината зошто заминува Клоп

Откриена е причината зошто заминува Клоп

Веста за заминувањето на Јирген Клоп на крајот на сезоната ги шокира навивачите на Ливерпул, а за тоа се зборува и по една недела од објавување на веста.

За заминувањето на Клоп зборуваше и поранешниот фудбалер на Ливерпул, Хозе Енрике кој е убеден дека станува збор за караница меѓу Германецот и газдите на ливерпул.

„Дури и ако Јирген не се сложува со мене, јас и понатаму сум убеден дека имал проблем со сопствениците. Не можеш да го обновиш договорот и наеднаш да заминеш од тимот, тоа нема смисла. Мора да постои нешто повеќе од тоа. Мора да биде изморен од газдите, тој секогаш мораше да направи многу повеќе од Манчестер сити и Арсенал за да добие засилувања“, вели Енрике.

To top