Eкипата на Сао Паоло го доби најдобриот можен подарок пред празничниот период бидејќи во тимот се врати Бразилецот Оскар.
Оскар токму го во Сао Паоло ги имаше своите почетоци пред да се пресели во Интернасионал од каде што направи трансфер во редовите на Челси. Кога блесна во Челси изненадувачки на само 26 години се одлучи да замине во Кина.
Во тимот на Шангај Порт пристигна во 2017 година и се задржа седум години станувајќи вистинска легенда на клубот. Сега по заработени 175 милиони евра само од плати во кинеската Суперлига Оскар одлучи да се врати во татковината.