Фудбал

Нојер поради повреда нема да игра против Франција и Холандија

Нојер поради повреда нема да игра против Франција и Холандија

Мануел Нојер, голманот на фудбалската репрезентација на Германија и Баерн Минхен, поради повреда ќе ги пропушти претстојните пријателски натпревари против Франција и Холандија.

Нојер го повредил бутот на тренинг и веќе ја напуштил репрезентацијата, но не прецизираа колкав период голманот на Баерн ќе биде надвор од терените.

Баерн ќе игра против Борусија Дортмунд во Бундеслигата на 30 март, а потоа на 9 април против Арсенал во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

To top