Фудбал Постигнат договор

Немања Матиќ има нов клуб

Немања Матиќ има нов клуб

Според последните информации од Турција, Немања Матиќ има нов клуб и кариерата ќе ја продолжиу во Бешикташ.

Матиќ успеал да се договори со клубот од Истанбул, додека Бешикташ ја договорил висината на оштетата со Рен каде што во овој момент настапува.

Црно-белите од Истанбул за услугите на 35-годишниот играч од средниот ред ќе платат многу помалку од пет милиони евра колку што Французите прво бараа за Матиќ. Сепак, на крајот мораа да попуштат поради недоразбирањата на Матиќ и неговиот притисок да си замине.

Во редовите на Рен Матиќ дојде ова лето од Рома и потпиша договор до летото 2025 година, но не успеа да се снајде во Франција, па разделбата изгледа е најдобра опција и за двете страни.

To top