Фудбал фудбал

Не е само до парите: Еве што Салах бара од Ливерпул за нов договор!

Топ – тема во редовите на Ливерпул е дали Мохамед Салах ќе остане на „Енфилд“ или не. Напаѓачот од Египет и сам кажа дека е разочаран од фактот дека иако него му истекува договорот со “Редси“ во јуни, засега нема назнаки од раководството на клубот за евентуални преговори за продолжувањена соработката, иако Салах е јасен дека нему му е добро во Ливерпул и дека тој би останал.

По се ова се појавија шпекулации дека клубови од С. Арабија, но и Интер, ПСЖ и други клубови од Европа не прашуваат за пари само да го доведат фантастичниот “Фараон“ во своите редови.

Овие денови конечно се дозна во што е проблемот.

Имено за Салах не е толку важен износот од годишната плата колку фактот дека посакува долгорочен договор со Ливерпул. Односно познато е што бара тој од Ливерпул за потпис. Тоа било договор од најмалку три-четири години, а тој сега има 32.

Токму затоа гигантот од “Енфилд“ се двоуми. Барем така се шпекулира во медиумите на Островот.

To top