Фудбал

Навивачите на Трабзон ги нападнаа играчите на Фенербахче додека славеа победа во дербито (ВИДЕО)

Навивачите на Трабзон ги нападнаа играчите на Фенербахче додека славеа победа во дербито (ВИДЕО)

Фудбалерите на Фенербахче ја славеа победата во турското фудбалско дерби кога навивачите на Трабзон влегоа на стадионот и сакаа физички да се пресметаат со нив.

На тревникот на стадионот настана општа гужва.

Фудбалерите на турскиот гигант застапувани од Един Џеко и Раде Круниќ потоа истрчаа во соблекувалната за да се спасат од налетот на бесните навивачи на Трабзон.

Во „лудиот“ натпревар од 30. коло на турската Суперлига, Фенербахче победи со 3:2 против Трабзон.

To top