Саудиска Арабија инвестира огромни пари во фудбалот, се најавува изградба на стадион каков што не е виден и ќе ја покаже земјата во сиот нејзин сјај.
Се очекува стадионот „Крал Салман“ да има околу 92.000 седишта, а ќе се гради во Ријад, главниот град на оваа земја.
Се очекува да има огромен паркинг кој ќе биде покриен, а стадионот да изгледа како да е изграден од неколку одделни сегменти, па дури и да може да се оди на покривот.