Фудбал

Најбогатиот човек во светот сака да го купи Ливерпул!

Најбогатиот човек во светот сака да го купи Ливерпул!

Најбогатиот човек во светот, Илон Маск, пројавил интерес за купување на Ливерпул, и тоа како се прошири како молња во фудбалскиот свет.

А дека не е нешто што не може да се оствари најдобро говори изјавата на татткото на Илон Маск, Ерол Маск кој за медиумите во Англија истакна:

Не би требало да коментирам за ова зошто тие секако дека ќе ја подигнат цената. Сепак, да, желбата е таа, да се купи Ливерпул, но тоа не значи дека навистина ќе се купи. Илон би сакал да се оствари, тоа е очигледно. Секој би сакал да го купи, па и јас. Неговата баба е родена во Ливерпул, таму имаме роднини. Како што знам дел од членовите на Битлси пораснаа со членови на моето семејство. Јасно ви е дека ние сме врзани за тој град“ посочи Ерол Маск и со ова потврди дека неговиот син, Илон Маск има желба да стане сопственик на еден од најтрофејните и најголеми клубови во светот на фудбалот.

Инаку парите не се проблем, имено богатството на Илон Маск во моментов се проценува на неверојатни 400 милијарди фунти.

Повеќе од јасно е дека ако ова се оствари тогаш “Редси“ ќе бидат веројатно најмоќниот клуб во светот.

To top