На аукција ќе биде ставен и дресот со кој Меси ја подигна светската титула, единствениот трофеј кој му недостасуваше во неговата блескава кариера, откако Аргентина во мундијалското финале ја совлада Франција.
На патот до титулата во Катар, аргентинскиот капитен го носеше сино – белиот дрес во групната фаза против Саудиска Арабија и Мексико, во осминафиналето против Австралија, во четвртфиналето против Холандија и во полуфиналето против Хрватска.
„Сотби“ соопшти дека станува збор за непроценлива збирка која очекува на интернет аукцијата од 30 ноември до 14 декември да достигне цена повисока од десет милиони долари што бил рекорден износ платен за спортски сувенир.
Најскапо продадениот дрес на аукција досега е дресот кој легендарниот американски кошаркар Мајкл Џордан го носеше во финалето против Чикаго во 1998 година. Дресот во септември лани беше продаден за 10.1 милиони долари.
Аукциската куќа „Сотби“ прецизираше дека дел од приходот од продажбата на колекцијата дресови на Меси ќе биде дониран за проектот UNICAS кој го води детската болница „СЈД“ во Барселона со поддршка на „Фондацијата Лео Меси“ за потребите за деца заболени од ретки боелсти.