Фудбал

Мурињо: Никогаш не вели никогаш

Мурињо: Никогаш не вели никогаш

Жозе Мурињо веќе неколку месеци е без ангажман и тоа откако ја заврши епизодата во италијанскиот прволигаш Рома.

Португалецот заработи отказ од „волчицата“, но тоа не е проблем за него и е подготвен за работа, нов предизвик во кариерата. Неговото име беше и е поврзувано со неколку клубови, а тој не ја исклучува можност и да се врати во својата татковина и таму да преземе некој клуб.

-Нула вести. Немам клуб, слободен сум. Ама јас сакам да работам, на лето сакам да работам. Никогаш не вели никогаш, особено во фудбалот. Мојот живот е фудбалот. Можам да тренирам секаде и немам никакви проблеми, -порача Жозе кој беше присутен на Мото ГП трката во Португалија.

 

To top