Фудбал

Мурињо на прес конференцијата дојде со подарок

Бенфика предводена од Жозе Мурињо на клупата оствари победа од 2:0 против Наполи на нашиот Ељиф Елмас во дуел од Лигата на шампионите.

Мурињо на прес конференцијата дојде со подарок

Бенфика предводена од Жозе Мурињо на клупата оствари победа од 2:0 против Наполи на нашиот Ељиф Елмас во дуел од Лигата на шампионите.

На прес конференцијата по дуелот Мурињо дојде со подарок. Тоа беше подарок за него.

– Тоа е дрес на Скот Мектомини. Од самиот почеток на кариерата го „буткав“ и Пол Погба го ставив на клупата заради него. Дресот е нешто што можеше да го направи за мене. Тој се сети дека има голема колекција дресови и ова беше негова благодарност. Му дадов шанса, но Скот е победник и тоа го докажа, изјави Мурињо.

Шкотскиот репрезентативец минатата сезона го предводеше Наполи до шампионската титула во Италија.

Мурињо и Мектомини соработуваа на „Олд Трафорд“ пред девет години.

To top