Иако репрезентативецот на Египет Мохамед Салах има договор до 2027 година, конфликтот со Арне Слот и раководството на Ливерпул, но и големиот пад во формата, се клучни за заминување на Салах од оваа екипа.
Интерес има од Ал-Итихад и тој треба да биде новата голема ѕвезда на оваа екипа по заминувањето на Карим Бензема.
Ливерпул веќе се согласил да не бара големо обесштетување и се чека уште „да“ од самиот фудбалер.