Ливерпул се подготвува за евентуална разделба со десниот бек Трент Александер-Арнолд, чиј договор истекува на крајот од сезоната, а бекот најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид. Покрај оваа вест, угледни извори од Египет тврдат дека има сериозен развој во преговорите за нов договор на Мохамед Салах.
Ливерпул испратил нова понуда со подобрени услови за договорот на нивната ѕвезда, а Салах сака да остане и се очекува да ја прифати понудата. Ова станува возможно по заминувањето на Трент, што ќе помогне во флексибилноста на платите.
Самиот извор е исклучително угледен во Египет и се верува дека е само прашање на време кога крилниот напаѓач на „црвените“ ќе потпише нов договор.