Фудбал

Мохамед Салах има договор со клубот да замине во јуни

Мохамед Салах има договор со клубот да замине во јуни

Мохамед Салах треба да им се приклучи на соиграчите во Ливерпул по повредата која ја заработи за време на Африканскиот куп на нации, а една легенда на „црвените“ тврди дека египетскиот репрезентативец ја игра последната сезона на „Енфилд“.

Минатото лето се шпекулираше дека Салах е блиску до блокбастер трансфер во Саудиска Арабија, а Марк Лоренсон смета дека тоа сценарио ќе се случи една година подоцна.

– 100 проценти сум сигурен дека Салах заминува претстојново лето. Без разлика што ќе се случува сезона, мислам дека договорот меѓу двете страни беше направен минатото лето.Ќе оди да игра во лига како таа во Саудиска Арабија и се надевам дека Ливерпул добро ќе заработи од трансферот и ќе може да ангажира неколку квалитетни играчи.  Салах ќе биде крал во Саудиска Арабија. Можеше да го направи тоа и минатото лето, но реши да го одложи потегот, – вели Лоренсон.
To top