Ливерпул не успеа да ја освои титулата во Премиер лигата во актуелната сезона, но навивачите се радуваат на веста дека Мохамед Салах ќе остане на „Енфилд“ и следната година.
Египетскиот фудбалер има важечки договор за уште една година, но во вториот дел од сезоната се зборуваше дека поради слабите игри и падот на формата би можел да го напушти клубот во летниот преоден рок.
Сепак, од сето тоа нема ништо бидејќи Салах на својот Инстаграм профил потврди дека останува во Ливерпул:
– Знаеме дека трофеите се тие што се важни и ќе направиме сè што е можно тоа да се случи следната сезона. Нашите навивачи го заслужуваат тоа и ќе се бориме максимално – објави Салах.
Инаку, Египќанецот до сега го носеше дресот на Ливерпул на 250 натпревари и успеа да постигне 155 голови.