Лука Модриќ стана најтрофејниот играч во историјата на Реал Мадрид.
Со победата од 2-0 против Аталанта, Кралскиот клуб го освои Суперкупот на УЕФА, а тоа беше 27-ми трофеј за членот на хрватската репрезентација по доаѓањето во главниот град на Шпанија.
До вчера беше изедначен со Начо Фернандез на вечната листа, но искусниот дефанзивец летово го напушти Мадрид, па Модриќ сега е осамен на првото место.
Со Реал, Хрватот освои шест Лиги на шампиони, четири Ла Лига, два Купа на Шпанија и пет Светски клупски првенства, Суперкупот на УЕФА и Суперкупот на Шпанија.
Модриќ досега за Мадрид одигра 535 натпревари. Тој постигна 39 гола и имаше 86 асистенции.