Фудбал

Милевски: Најважно ни беше да победиме

Милевски: Најважно ни беше да победиме

Селекторот на македонскaта фудбалска репрезентација Благоја Милевски, по средбата со Лихтенштајн и победата, на прес-конференцијата искажа задоволство од победата и трите бода.

„Очекувавме противникот да биде концентриран на својата одбрана, компактен, што го покажаа и на минатите мечеви, ги анализиравме детално, изгледавме доста 7-8 натпревари, и тоа е нашиот начин на подготовка“, изјави селекторот на македонскиот национален тим.

За групата, коментираше дека секоја селекција има шанси да замине на Мундијал, па дури и Казахстан и Лихтенштајн.

„Сите во нашата група се конкурентни, сите имаат свои шанси. Во денешниот фудбал мора да покажете максимален респект кон секоја репрезентација ако сакате да се надевате на позитивен резултат. Имаме интересна група, каде секоја репрезентација има свој квалитет и свои шанси“, дополнува Милевски.

Милевски ги истакна и очекувањата од дуелот со Велс.

„Почнавме веќе со подготовка против Велс, не очекува еден сосема поинаков натпревар, сосема поинаков тип на противник и очекувам меч за кој ќе треба повеќе и физички и психички напор. Се надевам дека пред се здравствено ќе бидеме добри сите, и ќе се одмориме овие два дена до мечот со Велс. Ме фасцинира нивниот тим како квалитет, и мислам дека ќе ни биде најсериозен предизвик во нашата група“, изјави Милевски.

To top