Македонската фудбалска репрезентација одигра против Белгија 0-0 во рамките на квалификациите за пласман на СП наредната година во САД, Мексико и Канада.
По мечот во Гент за јавноста се обрати селекторот Благоја Милевски.
„Можам да бидам задоволен од дефанзивата, но не сум задоволен како изгледавме во организација на игра. Но, тука заслуги има и противникот. Добивме дополнителна вредност, како да извадиме позитивен резултат и кога се браниме во низок блок. Планот беше да функционираме подобро во организација на игра, да ја имаме топката повеќе во своите нозе, но агресивноста и поставеноста на противникот и удвојувањето на нашите креативци придонесе да не функционираме добро. Извелковме максимум од овој натпревар, но бевме перфектни во дефанзива.
И пред овој натпревар кажав дека главната цел ни е да покажеме конкурентност и да останеме што е подолго во игра. На две кола до крајот тоа го докажавме“.