Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски денес го објави списокот со повикани фудбалери за натпревари против Фарски Острови (7 септември) и против Ерменија во Скопје (10 септември) од новото издание на Лига на Нации.
На списокот на селекторот Благоја Милевски за двата меча се наоѓаат следните фудбалери:
Голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски и Игор Алексовски.
Одбрана: Висар Муслиу, Никола Серафимов, Јован Манев, Езѓан Алиоски, Бојан Димовски, Ахмед Иљазовски, Стефан Ашковски, Ѓоко Зајков, Дарко Велковски.
Среден ред: Енис Барди, Јани Атанасов, Агон Елези, Тихомир Костадинов, Елиф Елмас, Исник Алими, Давид Бабунски.
Напад: Бојан Миовски, Милан Ристовски, Дарко Чурлинов, Александар Трајковски, Лирим Ќамили, Димитар Митровски, Кристијан Трапановски.
Собриот на македонската репрезентација е закажан за 2 септември во Скопје.