Фудбал

Мбапе: Пред ЕП ќе знам каде ќе играм идната сезона

Мбапе: Пред ЕП ќе знам каде ќе играм идната сезона

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе излезе пред новинарите и проговори барем нешто во врска со својата иднина.

Не откри детали, односно не го објави клубот чии бои ќе ги брани идната сезона, но барем кажа кога сето тоа ќе биде официјално решено.

„Не можам сега да зборувам за тоа, ќе бидам маж и јавно ќе објавам кога се ќе биде решено. До почетокот на Европското првенство ќе знам каде ќе играм, а потоа ќе се фокусирам само на шампионатот во Германија“, изјави Мбапе во пресрет на пријателскиот дуел, токму против Германија.

To top