Килиан Мбапе вели дека не треба да биде исклучок од критиките во Реал Мадрид, истовремено ги отфрли шпекулациите дека неговиот фокус веќе е насочен кон СП.
Тој пропушти пет натпревари од декември наваму поради постојан проблем со коленото.
Мбапе се врати на терените пред репрезентативната пауза и веднаш влезе во ритам, оставајќи белег за Франција во нивната победа од 2-1 над Бразил претходно оваа недела, постигнувајќи го првиот гол за „сините“.
И покрај тоа што пропушти 10 натпревари оваа сезона, Мбапе е најдобар стрелец на Реал Мадрид во сите натпреварувања, постигна 38 голови на 35 настапи и во просек гол на секои 76 минути.
„Кралскиот клуб“ се враќа во акција во Ла Лига на гостински терен против Мајорка на 4 април, моментално клубот се наоѓа на втората позиција, четири бода зад лидерот Барселона, додека во четвртфиналеот од Лигата на шампионите, ги чека двомеч со Баерн Минхен.
Мбапе изјави дека неговиот фокус е целосно насочен на тие задачи, бидејќи има цел да ја заврши сезоната со трофеи во раце, пренесува.
„Во Шпанија, загрижени се поради тоа, дека нема да играм и дека сум фокусиран на Светското првенство“, изјави Мбапе за „Телефут“ пред пријателскиот натпревар на Франција со Колумбија.
„Најдобар начин да се подготвите е да освоите сè со Мадрид.“
„Реал Мадрид е како религија за луѓето во Шпанија, тие се многу страсни и секогаш има разговори и шпекулации, понекогаш оправдани, но понекогаш не.“
„Мора да знаете како да се справите со критиките бидејќи сите во Реал Мадрид биле критикувани. Роналдо, Ди Стефано, па не гледам зошто би бил исклучок.“
„Едноставно мора да останете смирени, да се сконцентрирате на она што треба да го направите и да си кажете како можете да ги подобрите вашите перформанси на теренот.“
Мадрид се соочил со Баерн 22 пати во Лигата на шампионите, имаат биланс од 11 победи, 3 ремија и 8 порази.
„Мораме да играме против Баерн, мислам дека тие се во најдобра форма во Европа во моментов, но ако има некој што може да ги победи, тоа е Реал Мадрид, за мене, она што доаѓа е исклучително важно“, додаде тој