Фудбал

Марк Андре Тер Штеген ќе паузира два месеци

Марк Андре Тер Штеген ќе паузира два месеци

Големи проблеми за тимот на Џирона и за искусниот 33. годишен голман Марк Андре Тер Штеген.

Германецот пристигна во клубот пред само десетина дена како позајмен играч на Барселона, но сега информациите се дека тој е потешко повреден, на задната ложа и дека ќе му биде потребна рехабилитација од околу два месеци.

Двата клуба сега одново се во интензивна комуникација, и доколку дополнителните келарски прегледи ги потврдат првичните наоди, тогаш позајмицата ќе биде раскината, и Тер Штеген ќе се врати во Барселона.

To top