Фудбал

Манчестер сити прв фаворит за титулата во Лигата на шампиони

Манчестер сити прв фаворит за титулата во Лигата на шампиони

Англискиот фудбалски првак Манчестер Сити е најголем фаворит за освојување на Лигата на шампиони, според прогнозата на суперкомпјутерот на Опта.

Суперкомпјутерот на Опта врз основа на различни статистички параметри предвидува дека шансите на Сити за освојување на титулата се 25,3 проценти.

Актуелниот европски првак Реал Мадрид е на второто место со коефициент 18,2 проценти, додека Интер е трет со 10,9 проценти.

Во редизајнираната Лига на шампиони оваа сезона ќе учествуваат 36 клубови.

To top