Фудбал успешна година за Сити

Манчестер сити оствари рекорден профит

Клубот, кој е во мнозинска сопственост на шеикот Мансур од август 2008 година, остварил приход од 712.8 милиони фунти заклучно со јули 2023, што е зголемување за 99.8 милиони фунти во однос на претходната сезона, со рекордна нето добивка од 80.4 милиони фунти.

Манчестер сити оствари рекорден профит

Откако минатата сезона ја освои својата прва „тројна круна“, Манчестер сити објави денеска дека минатата сезона била фантастична и на финансиски план остварувајќи рекорден профит.

Клубот, кој е во мнозинска сопственост на шеикот Мансур од август 2008 година, остварил приход од 712.8 милиони фунти заклучно со јули 2023, што е зголемување за 99.8 милиони фунти во однос на претходната сезона, со рекордна нето добивка од 80.4 милиони фунти.

„Во сезоната 2022/23 Манчестер сити досегна нови височини и постави нови мерила. Накратко речено, минатата сезона Манчестер сити забележа најдобра фудбалска и комерцијална година во својата легендарна историја“, изјави претседателот на Манчестер сити, Калдун Ал Мубарак.

Сити забележал раст во однос на претходната година во приходите од реклами, приходи на денот на натпреварите и од телевизиските права.

To top