Манчестер јунајтед попладнево загуби на домашен терен од Фулам со 2:1 во натпреварот од 26. коло на англискиот фудбалски шампионат. „Црвените ѓаволи“ ја прекинаа серијата од пет победи во низа во сите натпреварувања.
Првиот гол го постигна дефанзивецот на гостите Калвин Баси во 65. минута. На минута пред крајот на основните 90, Хари Мегваер го израмни резултатот. Алекс Ивоби им донесе победа на лондонскиот тим во седмата минута од судиското надополнување.
Манчестер јунајтед се наоѓа на 6. позиција во Премиер лигата со 44 бодови. Фулам има 32 бода и се наоѓа на 12. место.
На другите досега завршени натпревари од ова коло:
Астон вила – Нотингем Форест 4:2
Брајтон – Евертон 1:1
Кристал Палас – Барнли 3:0.