Фудбал Премиер лига

Манчестер јунајтед му го нанесе на Ливерпул четвртиот последователен пораз

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Брајан Мбемо, го отвори резултатот во втората минута.

Манчестер јунајтед му го нанесе на Ливерпул четвртиот последователен пораз

Манчестер јунајтед го победи Ливерпул со 2:1 вечерва на гостински терен во 8. коло од англиската Премиер лигата.

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Брајан Мбемо, го отвори резултатот во втората минута. Домаќините израмнија благодарение на голот на Коди Гакпо во 78-та минута. Хари Магваер го постигна победничкиот гол за Манчестер јунајтед во 84. минута.

Манчестер јунајтед со 13 бода се искачи на деветтото место во Премиер лигата.

Ливерпул со 15 освоени бода го претрпе четвртиот последователен пораз во сите натпреварувања и останува трет во англиската Премиер лига.

To top