Нов член на Манчестер Јунајтед ќе биде Матијс де Лихт, дефанзивецот кој доаѓа на барање на Ерик тен Хаг, кој му беше тренер на својот сонародник и во редовите на Ајакс.
Де Лихт го загуби посакуваниот статус во Баерн и по само две сезони беше отворен за нов трансфер, па решил конечно да се испроба и во Премиер лигата.
Јунајтед ќе плати 45 милиони евра, плус дополнителни 5 милиони евра во лесно остварливи бонуси за холандскиот стопер, а останува уште Де Лихт да ги помине медицинските прегледи.