Португалецот во редовите на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, го повреди бутниот мускул на последниот првенствен натпревар против Астон Вила (1-2).
Англиските медиуми шпекулираат денеска дека тој ќе биде надвор од терените најмалку три недели, а извори блиски до тимот велат дека ќе се врати за градското дерби против Манчестер Сити, кое е закажано за 17 јануари.
Фернандеш со сигурност ќе пропушти следните пет дуели, а во шесте години колку што е во Јунајтед, португалскиот репрезентативец пропушти само два натпревари поради повреда и еден поради болест.
Тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим, ќе ги нема во составот за утрешниот премиерлигашки дуел против Њукасл ниту повредениот Коби Мајно, како и напаѓачите Брајан Мбеумо и Амад Дијало, кои настапуваат за своите репрезентации на Африканското првенство.