Фудбал

Атанасов: Добри 70 минути го контролиравме мечот, за жал не победивме

Атанасов: Добри 70 минути го контролиравме мечот, за жал не победивме

Јани Атанасов го одигра целиот меч за Македонија во дуелот против Молдавија и беше еден од оние кои ја контролираа играта во средниот ред.

„Одигравме добри 70-тина минути, го држевме натпреварот во наши раце. Одигравме машки со задачите од селекторот кои ги бараше од нас.

Ова е еден натпревар кој ќе ни служи за тоа што е најважно. Можам да кажам дека добро одигравме, но за жал мечот заврши нерешено и сега ќе се подготвуваме за следниот натпревар. имаше доста работи кои селекторот ги бараше од нас и ние бевме на добро ниво, ги исполнувавме задачите како што треба и среќни сме со тоа.

Ако одиграме машки натпревар против Црна Гора мислам дека ќе биде добро бидејќи тие имаат квалитетен тим“, вели Атанасов.

To top