Фудбал сега сме на 63-та позиција

Македонија падна една позиција на ФИФА ранг-листата

На најновата рејтинг-листа на Светската фудбалска федерација (ФИФА) објавена денес, македонската репрезентација назадуваше едно место и сега е 63-та.

Од квалификациската група за Мундијалот 2026 во која настапуваат македонските фудбалери, најдобро котира Белгија (8. место), Велс е на 30. позиција, Казахстан се наоѓа на 118. место додека Лихтенштајн е 204-ти.

Нов лидер е Шпанија, втора е Франција додека Аргентина падна две места и сега е трета.

Во Топ 10 се и: Англија, Португалија, Бразил, Холандија, Белгија, Хрватска и Италија.

To top