Македонската фудбалска репрезентација забележа пад за едно место на најновата ранг листа која ја објави Светската Фудбалска Федерација (ФИФА).
Нашата селекција е на 72. позиција на светското фудбалско рангирање, поточно ние сме во европско друштво затоа што од 70 до 75 место се Грузија, Исланд, Црна Гора, Северна Ирска и Босна и Херцеговина.
На самиот врв нема промени каде и натаму останува Аргентина која пред неколку дена го одбрани трофејот на Копа Америка.
Франција исто го задржа своето место, додека трета сега е Шпанија која благодарение на триумфот на Европското првенство отиде напред пет чекори.
Потоа следуваат Англија, Бразил, Белгија, Холандија, Португалија, Колумбија и Италија која ја затвара првата „десетка“.