Реал Мадрид и Манчестер Сити ќе го одиграат мега-дербито во актуелното коло од Лигата на шампионите, а Македонец ќе ја има главната улога на оваа средба.
Филип Поповски, човек кој ја вршеше улогата генерален секретар на ФФМ и зад себе има богато фудбалско искуство, ќе биде делегат на натпреварот меѓу двата гиганти и некогашни европски шампиони.
Главен судија на натпреварот е Французинот Клемен Турпан, а ќе му помагаат Николас Данос, Бенџамин Паже и Стефани Фрапар. ВАР-судија е Жером Брисар од Франција, заедно со Сорен Шторкс и Луц Михаел Фролих од Германија.
Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити се игра од 21:00 часот во среда.