Во центарот на вниманието на Реал Мадрид е хрватската фудбалска легенда Лука Модриќ стана највозрасен играч во 122-годишното постоење на „кралскиот клуб“.
Плејмејкерот игра со 39 години и 41 ден и го собори рекордот на Ференц Пушкаш кој важи веќе 58 години. Поранешниот фудбалер на Реал во 1966 година играше со 39 години и 36 дена.
Лука Модриќ ја игра 13. сезона во белиот дрес и покрај тоа што освои се што можеше, сега е капитен на тимот.