Иако беше речиси сигурно дека на крајот од сезоната ќе заврши неговиот 12-годишен период во Мадрид и дека најверојатно Хрватот кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, сега дојде до пресврт.
Имено, како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, Модриќ ги известил првите луѓе на „кралскиот“ клуб дека посакува да остане на „Сантијаго Бернабеу“.
Модриќ исто така веќе одби две понуди и сега на потег е шпанскиот великан. Капитенот на хрватската репрезентација веќе извесно време добива едногодишен договор, што е пракса во Реал со повозрасни играчи