Легендарниот хрватски фудбалер Лука Модриќ во зимскиот преоден рок би можел да го напушти Реал Мадрид. Тамошните медиуми пренесуваат дека ветеранот е пред преселба во редовите на Севиља.
Како што се наведува, бидејќи 39-годишниот играч за врска има уште шест месеци од договорот, Модриќ веќе може да преговара со нов клуб.
Наводно шансите се големи уште зимава да го напушти „Сантијаго Бернабеу“, каде помина повеќе од половина од својот кариера, и да ја зголеми конкуренцијата во тимот кој се бори да го зачува статусот на елитата.