Фудбал

Лука Модриќ планира да се врати во Реал Мадрид

Лука Модриќ планира да се врати во Реал Мадрид

Иако и на 40 години игра на врвно ниво, Лука Модриќ веќе размислува за следната фаза од својата кариера по завршувањето на активното играње фудбал.

Според пишувањата на шпанскиот портал Defensa Central, хрватската фудбалска легенда планира да се врати во Реал Мадрид, клубот со кој постигна историски успеси, но тоа нема да се случи веднаш.

Модриќ сака по заминувањето од Милан, каде што и понатаму бележи импресивни настапи, да земе една година пауза и тоа време да го посвети на своето семејство.

Во план му е потоа да започне тренерски курсеви и постепено да ја гради својата кариера во тренерството – најверојатно во младинската академија на Реал Мадрид, каде би работел со деца, што според него би бил идеален почеток.

To top