Фудбал

Лука Модриќ официјално го продолжи договорот со Реал Мадрид

Лука Модриќ официјално го продолжи договорот со Реал Мадрид

Лука Модриќ и во следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид, откако денеска и официјално го обнови договорот со „кралскиот клуб“, каде што настапува уште од 2012 година.

Добитникот на „Златната топка“ од 2018 година одигра вкупно 534 натпревари за гигантот од Мадрид, постигнувајќи 39 голови и остварувајќи 86 асистенции.

Меѓу неговите поистакнати трофеи се шестте победи во Лигата на шампионите (рекорден што го дели со Дани Карвахал) и четири титули во Ла Лига.

To top