Фудбал бил гневен на двајца соиграчи

Лука Модриќ направи хаос на последниот натпревар за Реал

Лука Модриќ направи хаос на последниот натпревар за Реал

Според шпанските медиуми, Модриќ бил видно фрустриран по последниот судиски свиреж и во соблекувалната гласно го искажал своето незадоволство од ангажманот на неколку ѕвезди во тимот.

Според извори блиски до тимот, Хрватот им префрлил на двајца од најекспонираните фудбалери дека „играле без жар и не покажале доволна борбеност кога било најпотребно“.

По дуелот со ПСЖ имал забелешки за пристапот кон играта кон Винисиус Жуниор и Џуд Белингем. Едноствно им рекол дека не се труделе доволно пред се во одбраната, играле без желба за победа и едноставно „се сокриле“ на теренот кога било најпотребно. Тоа не им се допаднало на двајцата кои реагирале и дошло до мал конфилкт меѓу сега веќе поранешните соиграчи.

Иако натпреварот против ПСЖ беше крај на еден епски циклус, 38-годишниот хрватски ветеран не дозволи емоциите да го спречат да го изрази ставот, дури и на својот последен ден во дресот на Реал Мадрид.

Лука Модриќ за 13 години во Мадрид освои вкупно 28 трофеи, меѓу кои и шест титули од Лигата на шампионите, со што се вброи меѓу најтрофејните и најважните фигури во историјата на клубот.

To top