Шпанскиот весник „АС“ пренесува дека Лука Модриќ го избрал новиот клуб и ќе го напушти Реал Мадрид.
Наводно, следна станица на хрватскиот фудбалер ќе биде Ал Хилал каде што настапуваат Александар Митровиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Нејмар кој е повреден.
Ал Хилал се поврзуваше со Модриќ и минатото лето нудејќи му договор вреден 300 милиони евра за три години. Но, капитенот на репрезанетацијата на Хрватска тогаш одлучи да продолжи со Реал Мадрид.