По втирпат во својата историја Пари Сен Жермен ќе игра финале во фудбалскатаЛига на шампионите и само еден натпревар го дели од првата европска круна.
„Добро го знаеме Интер, италијанскиот фудбал и стил. Тие се супер-компетитивни, сакаат да играат со топката, а кога ја немаат – одлично се бранат. Јас сум презадоволен со ростерот кој го имам, со односот со фудбалерите, професионалноста…Не го менуваме нашиот стил во одбрана и напад, но секој натпревар е поинаков и мора да се подготвиме на замките кои ги нуди ова финале.
Има многу случајности и коинциденции. И пред девет години играв финале на Лигата на шампионите во Германија и тогаш пропив нас имавме италијански ривал. Сега пишуваме историја со гигант како ПСЖ и подготвени сме за убаво финале. Верувам дека на крај ќе се радуваме.
Минавме тежок пат, од почетокот на сезоната игравме многу компетитивни натпревари и мислам дека веќе одигравме неколку финалиња на патот до Минхен. Мојата најголема мотивација е да испишам историја во Париз и за францускиот фудбал. Мојата приказна не е многу важна“, заврши Луис Енрике.