Луис Енрике ја доби наградата од страна на ФИФА за тренер на годината на свечената гала „The Best“.
Шпанскиот стручњак со ПСЖ ја освои Лигата на шампионите, како и сите трофеи во Франција.
„Светците“ во минатата сезона освен примерниот европски успех, стигнаа до титулата во Лига 1, како и двата француски купови.
Поради тоа, немаше изненадување при изборот за најдобар тренер на доделувањето во Доха.
Претходната година ова признание го освои Карло Анчелоти, а сега наследник му е Луис Енрике.